Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Домашни крофни

Домашни крофни

Кој може да одолее на мирисот на домашни крофни? Меки, вкусни и неодоливи, крофните се посакувани од секој љубител на слатките задоволства. Па, ако сакате да се наградите себеси и вашите најблиски со оваа слатка закуска, еве како да направите домашни крофни на едноставен начин.

Состојки

700 грбрашно
400 млмлеко
50 млмасло
40 грквасец (1 коцка)
2јајца
1 лажицашеќер
½ лажичкасол
масло за пржење

Подготовка

  1. Затоплете го млекото и ставете го во длабок сад. Додајте ги квасецот и шеќерот. Добро изматете со маталка. Додајте половина од брашното (350 гр) и промешајте.
  2. Изматете ги јајцата и додајте ги во смесата заедно со солта и маслото. Добро промешајте. Ставете го во садот и остатокот од брашното и мешајте за смесата да се соедини. (Доколку смесата која ќе ја добиете е премногу леплива, тогаш можете да додадете уште околу 50 гр брашно.)
  3. Набрашнете го тестото, покријте го со чиста крпа и оставете го околу 20 минути на топло место, додека да порасне.
  4. Кога ќе се удвои тестото, на даска поросете брашно. Замесете го тестото и развлечете го за да направите кора со дебелина од околу еден сантиметар.
  5. Со калап за крофни или со чаша исечете кругови и наредете ги на набрашнет плех или чиста крпа. Покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат околу 20 минути.
  6. Пржете ги крофните на тивок оган. Совет: Ставете ги крофните да се пржат наопаку, односно горе да биде страната на која лежеле додека отстојувало тестото. Веднаш штом ќе ги ставите да пржат, покријте ги накратко со капак.
  7. Откако крофните ќе добијат златна боја, извадете ги од маслото и ставете на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.
  8. Готовите крофни поросете ги со шеќер во прав. Декорирајте со чоколаден прелив или глазура за торта. По желба, можете со шприц да ги наполните со чоколаден крем или џем.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.