Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Џастин Бибер и Селена Гомез раскинаа

Џастин Бибер и Селена Гомез раскинаа

Џастин Бибер и Селена Гомез ја прекинаа својата врска. „Таа му раскина пред една седмица. Стана комплицирано поради тоа што беа разделени толку време. Таа имаше проблеми со довербата. Не е лесно, но врската требаше да заврши“ – пишува „People“, цитирајќи анонимен извор.

Селена Гомез и Џастин Бибер

Познатиот пар беше во врска речиси две години. Тие за првпат се појавија заедно во јавност во февруари 2011 година, по двомесечно тајно состанување.

Џастин наводно веќе има нова љубов. Се шпекулира дека тој се забавува со ангелот на Victoria’s Secret, Барбара Палвин.

Џастин и Барбара Палвин зад сцената на ревијата на Victoria’s SecretЏастин и Барбара Палвин зад сцената на ревијата на Victoria’s Secret

Еден ден по ревијата на Victoria’s Secret двајцата заедно со пријатели биле на „The Lion King“ на Бродвеј.

Откако започнаа да се шират гласини за нивната врска, Барбара напиша на Twitter: „Ве молам смирете се. Тој е целосно ваш!!“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.