Раскинувањето на Селена Гомез и The Weeknd деновиве е главна тема во светските медиуми посветени на шоу-бизнисот.
Откако славните музичари ставија крај на 10-месечната врска, Селена во неколку наврати беше фотографирана со својот поранешен партнер, Џастин Бибер.
Популарните ѕвезди се забавуваа заедно возејќи се на велосипеди низ Лос Анџелес.
Според информациите до кои дојде порталот TMZ, The Weeknd бил иницијатор на разделбата со Селена.
Селена и Џастин горе-долу беа во врска 4 години.
Селена беше фотографирана и во спортско издание.