Џастин Бибер и Селена Гомез се најдоа во центарот на непосакуван скандал во Калабасас, Калифорнија. Додека популарниот пар излегувал од кино, околу нив се насобрала група папараци, што не е ништо невообичаено, бидејќи и двајцата се меѓу најактуелните тинејџерски ѕвезди.
Во еден момент, 18-годишниот пејач ги изгубил нервите и наводно нападнал еден од фотографите кој премногу им се доближил.
Селена останала приземна и се обидела да го смири Џастин и да му помогне да си ги собере капата и патиката кои летнале во еуфоричните моменти. Папараците успеале да ги фотографираат Бибер и нападниот фотограф како се расправаат, но на ниту една од фотографиите не се гледа физички контакт помеѓу нив.
Веднаш по инцидентот Селена и Бибер го напуштиле местото. Неколку минути подоцна, пристигнале екипи на полицијата, противпожарната единица и брзата помош, кои биле повикани од фотографот. Според очевидци, фотографот се жалел на болка во горниот дел од телото. Тој го пријавил нападот в полиција.
Според информации до кои дојде порталот TMZ, по инцидентот на фотографот му пришол адвокат кој го посоветувал да повика брза помош и полиција со цел да може да поднесе тужба и да заработи пари.