Најновото дело на контроверзниот скулптор Даниел Едвардс предизвика повеќе негативни реакции, отколку воодушевувања и аплаузи.
Бронзената скулптура „Justin and Selena as One“ ги покажува Џастин Бибер и Селена Гомез со споени голи тела, а тие ги претставуваат Адам и Ева на 21-виот век. Од телата на младите ѕвезди покриени се само нивните гениталии со јаворов лист (симбол на Канада од каде што потекнува Џастин) и ѕвезда (симбол на Тексас од каде што потекнува Селена).
„Споените Џастин и Селена ја симболизираат големата хармонија помеѓу соседните држави Канада и САД. Земјите како Јужна и Северна Кореја треба да учат од нашиот пример“ – изјавил претставник на прочуениот скулптор.
И сепак, ако сте запознаени со досегашната работа на овој уметник, нема да ве чуди неговото најново дело. Едвардс досега има изработено и статуа на Бритни додека се породува, фекалиите на Сури Круз, внатрешноста на Парис Хилтон, Анџелина додека дои и од голите Бред и Анџелина.