Група деца од популарната ТВ серија „Дајте музика“ ќе бидат наши претставници на 19-тото издание на Детската Евровизија, кое оваа година ќе се одржи во Париз.
„Драги наши обожаватели, чест ни е да ви соопштиме дека оваа година во декември во Париз, ќе ја претставуваме Македонија на Junior Eurovision. Држете ни палци“ – стои во објава на официјалниот Instagram профил на „Дајте музика“.
Песната на македонските претставници ќе биде допрва објавена. Детската Евровизија ќе се одржи во декември.
„Песната со која ќе се претстави нашата земја ќе биде избрана и промовирана во следните неколку месеци. На неа ќе работат композитори кои веќе соработуваат во проектот и добро ги познаваат вокалните и артистичните капацитети на децата од шоуто“ – пишуваат од МРТ.