Тамара Грујеска со одличен настап ја претстави нашата земја на детската Евровизија.
На сцената во Палатата Никаја во Ница, талентираната млада пејачка настапи шеста по ред и ја изведе песната „Кажи ми, кажи ми кој“.
Погледнете го нејзиниот настап:
Текстот на песната е дело на Роберт Билбилов и Коста Петров, а за продукцијата и музиката се погрижија Билбилов и Дарко Димитров.
По завршувањето на последниот настап ќе започне вториот дел од гласањето. Гласајте за Тамара на следниот линк: https://vote.junioreurovision.tv/