„Green Forces“ ја размрда Европа. Ѕвездите од „Дајте музика“ со енергичен настап ја освоија публиката во Париз и многубројните гледачи од Стариот континент кои преку телевизиските екрани и онлајн ја следеа детската Евровизија.
Кики, Стаси, Филип и Миха го изведоа хитот посветен на зачувување на планетата Земја, односно „единственото место кое го нарекуваме наш дом“.
Динамичните македонски претставници се појавија во модерни костими од Јована Филиповиќ, а за комплетните стајлинзи се погрижи Цаци Паковска. Музиката за „Green Forces“ ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков.
Видео од настапот
По завршувањето на последниот настап, повторно ќе имаме можност да гласаме за нашите ѕвездички. Гласајте тука: https://vote.junioreurovision.tv/