Ѕвездите од „Дајте музика“ со силна енергија ја подигнаа атмосферата на сцената на детската Евровизија во Париз.
Кики (Кристина Мукаетова), Наташа (Анастасија Џабирски), Филип (Филип Поповски) и Миха (Миха Гигов) ја одржаа првата проба и испратија моќна порака со хитот „Green Forces“.
Македонските изведувачи ќе настапат со реден број 18 на манифестацијата која ќе се одржи в недела (19 декември).
Модерните костими се со потпис на Јована Филиповиќ, а за целосните стајлинзи се погрижи и Цаци Паковска.
ВИДЕО
„Green Forces“ повикува за заштита на животната средина и справување со климатските промени, бидејќи нашата планета е единственото место кое го нарекуваме дом. Песната е меѓу фаворитите за освојување на титулата, а спотот за истата веќе има достигнато речиси 1,5 МИЛИОНИ прегледи.