„Despacito“ го освои светот, а синоќа му донесе на Луис Фонси четири Латино Греми награди.
39-годишниот Порториканец гордо ги прифати статуетките, меѓу кои за „Песна на годината“,„Запис на годината“ и „Најдобро кратко музичко видео“.
На црвениот тепих, славниот музичар беше придружуван од сопругата Агеда Лопез, која блесна во розова креација од Зухаир Мурад.
Пред два дена, тие присуствуваа на гала во Лас Вегас.
Фонси и Лопез се во брак три години и заедно имаат две деца, 5-годишната ќеркичка Микаела и 11-месечниот Роко.