Луис Фонси беше дел од гостите на јубилејното 20-то доделување на Латино Греми наградите. На црвениот тепих во Лас Вегас, 41-годишниот музичар зачекори заедно со сопругата Агеда Лопез.
Новата песна на Фонси „Vida“ беше номинирана во категоријата Песна на годината.
Атрактивниот модел носеше проѕирна креација од Џулиен Мекдоналд.
Фонси и Лопез се во брак од 2014 година и заедно имаат две деца, 7-годишната ќеркичка Микаела и 2-годишниот син Роко.