Луис Фонси беше меѓу најголемите победници на Billboard Music Awards. Пејачот на хитот „Despacito“ се закити со пет статуетки, меѓу кои за Најдобра латино песна и Најпродавана песна.
На церемонијата, 40-годишниот Порториканец ја доби поддршката од својата сопруга Агеда Лопез. Атрактивниот модел носеше бел фустан од Џулиен Мекдоналд.
Фонси и Лопез се во брак три години и заедно имаат две деца, 6-годишната ќеркичка Микаела и 1-годишниот Роко.