Луис Фонси присуствуваше на доделувањето на Billboard Latin Music Awards, каде се закити со седум награди.
40-годишниот изведувач на хитот „Despacito“ беше придружуван од атрактивната сопруга Агеда Лопез.
36-годишната сопруга на славниот латино музичар носеше фустан од Rubin Singer.
Фонси и Лопез се во брак три години и заедно имаат две деца, 6-годишната ќеркичка Микаела и 1-годишниот Роко.