Луис Фонси беше меѓу плејадата музичари кои беа номинирани за Греми оваа година.
На 60-тото издание на манифестацијата, успешниот музичар беше номиниран во три категории за хитот „Despacito“, но не понесе со себе ниту една награда.
На црвениот тепих, славниот пејач беше придружуван од сопругата Агеда Лопез, која блесна во креација од дизајнерката Хуана Мартин.
Парот присуствуваше и на забавата на Клајв Дејвис пред доделување на Греми наградите. Убавиот модел заведуваше во црн фустан со ултра висок шлиц.
Фонси и Лопез се во брак три години и заедно имаат две деца, 6-годишната ќеркичка Микаела и 1-годишниот Роко.