Најдобрите во музичката индустрија за годината која измина синоќа беа наградени со златни грамофони. 60-тото издание на Греми се одржа во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, а го водеше Џејмс Корден.
Бруно Марс беше најголем победник на вечерта со освоени шест награди. 32-годишниот пејач ја доби наградата Албум на годината за „24K Magic“, Запис на годината за „24K Magic“ и Песна на годината за „That’s What I Like“.
„Овие песни беа напишани само со радост, со љубов и со овој албум сакав само сите да танцуваат“ - изјави Марс.
Раперот Кендрик Ламар се закити со пет награди, меѓу кои Најдобар рап албум за „DAMN.“ и Најдобра рап песна за „Humble”.
Алесија Кара беше прогласена за Најдобар нов артист.
За Ед Ширан, кој не присуствуваше на свеченоста, беа резервирани наградите Најдобар поп вокален албум за „÷ (Divide)“ и Најдобра поп соло изведба за „Shape of You“.
Џеј Зи, кој имаше дури осум номинации, не успеа да победи во ниту една категорија.
Иако „Despacito“ недискутабилно ја одбележа 2017 година, не заработи златен грамофон.
Целосната листа на добитници на Греми можете да ја погледнете тука.