Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Шегаџијата Виталиј го нападна Бред Пит на премиерата на „Maleficent“

Шегаџијата Виталиј го нападна Бред Пит на премиерата на „Maleficent“

Виталиј Седјук е познат натрапник на холивудските свечености и YouTube ѕвезда, но неговите шеги многу често се невкусни.

26-годишниот Украинец го нападна Бред Пит на премиерата на филмот „Maleficent“ во Лос Анџелес. Сѐ уште нема официјален извештај од полицијата, но според присутните, Виталиј ја прескокнал поставената метална ограда додека Пит делел автограми и го удрил по лицето. Телохранителите реагирале веднаш и Виталиј бил уапсен.

Анџелина и Бред ВиталијВиталиј

Минатата недела Виталиј повторно изведе еден од неговите „пренкови“. Имено, тој истрча на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал и ѝ се пикна под фустанот на Америка Ферера.

Кан Кан

Тоа се само две од неговите „шеги“ со холивудските ѕвезди.

Во февруари Виталиј му се нафрли на Леонардо Дикаприо и цврсто му ги прегрнуваше нозете додека не беше отстранет од црвениот тепих од обезбедувањето.

Претходно „жртва“ на Виталиј беше и Бредли Купер.

Кан

Во мај 2012 година, на премиерата на „Men in Black 3“ во Москва, Виталиј се обиде да го бакне Вил Смит в уста. Очигледно изнервиран од таквата постапка, Вил го турна премногу нападниот новинар и го плесна по образ пред камерите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18980 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.