Бред Пит ги засука ракавите и помагаше во доставувањето на храна за семејства од ранливи категории.
56-годишниот актер беше фотографиран во Лос Анџелес додека растовараше кутии од камион за многу лица чекаа во ред за да добијат храна.
Овој гест на холивудскиот шармер во време на пандемија доби безброј аплаузи.
„Бред изгледаше како херој, човекот не запре цел ден. Тој беше целосно посветен“ и „Тој се трудеше со целото срце, тоа беше момент за симнување капа. Изгледаше како тоа да е вистинскиот Бред Пит, оној кој никогаш немаме можност да го видиме“ - се дел од коментарите на очевидци.