Анџелина Џоли беше принудена да ја пропушти холивудската премиера на својот нов филм „Unbroken“ поради варичела (овчи сипаници), но нејзиното семејство не го заобиколи големиот настан.
Бред Пит се појави на премиерата заедно со своите родители Џејн и Вилијам Пит и три од своите деца. 50-годишниот актер позираше пред фото-репортерите со 13-годишниот Медокс, 11-годишниот Пакс и 8-годишната Шајло.
Многумина се согласија дека малото девојче, кое обожава да се облекува како своите браќа, е вистинска копија на својата славна мајка.
Џоли објави видео во кое на своите фанови им објаснува зошто нема да присуствува на промотивните настани за „Unbroken“. Коментирајќи ја неочекуваната појава на сипаници, Џоли со разочарување вели во видеото: „Не можам да поверувам, бидејќи овој филм ми значи многу, не можам да поверувам, но таков е животот.“