Анџелина Џоли и Бред Пит ја однесоа филмската треска во Австралија. Сите погледи беа насочени кон холивудскиот пар кој го посети Сиднеј по повод премиерата на новиот филм на Џоли, „Unbroken“.
39-годишната актерка грациозно се движеше покрај своите обожаватели и бројните новинари во вечерен фустан со тантела од италијанската модна куќа Гучи.
Бред Пит не ја пропушти големата премиера на својата сопруга и љубезно позираше и им делеше автограми на возбудените фанови.
Џоли е режисерка на долгоочекуваниот филм, базиран на вистинска приказна за Луи Замперини, воен херој заробен и мачен од Јапонците за време на Втората светска војна. Замперини почина пред неколку месеци на 97 години.
Џоли едвај ги задржа солзите кога на црвениот тепих една новинарка ѝ прочита цитат од Замперини.