Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џенифер Анистон елегантна за „Harper’s Bazaar“

ФОТО: Џенифер Анистон елегантна за „Harper’s Bazaar“

Џенифер Анистон е современа дама во едиторијал на „Harper’s Bazaar“. 45-годишната актерка позираше за Мелвин Соколски во сексапилни фустани од модните куќи Гучи, Версаче, Емилио Пучи и Мајкл Корс.

Џенифер Анистон

Во интервјуто за списанието, Анистон зборувала за својот свршеник Џастин Теру. „Не само што е добар актер, тој е и еден од најдобрите писатели на комедии. И режира и црта мурали. Многу е привлечно да бидеш добар во толку многу нешта, а да немаш его. Тој е еден од најскромните и чесни човечки суштества. Невозможно е да ни биде здодевно. Се имаме обидувано! Дури и тогаш е интересно, бидејќи неговите очи се многу убави. Можеме да зборуваме бескрајно, што е навистина одлично“ – рекла таа.

Џенифер Анистон

Анистон гордо споделила дека повеќе се забавува откако наполнила 40 години и дека е умерено амбициозна. „Не живеам за да работам, работам за да живеам. Го сакам мојот дом, ги сакам моите кучиња, ги сакам моите пријатели, ја сакам едноставноста на гледањето на зајдисонце“ – изјавила таа.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Џенифер започна интензивно да го промовира својот нов филм „Horrible Bosses 2“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.