Џенифер Анистон мамеше погледи на црвениот тепих во Париз.
54-годишната актерка изгледаше неверојатно во гламурозен стајлинг на премиерата „Murder Mystery 2“ покрај Адам Сендлер. Главните ѕвезди од филмот блескаа додека позираа во градот на љубовта додека зад нив се гледаше Ајфеловата кула.
Филмот е продолжение на „Murder Mystery“ кој беше хит на Netflix.