Почетна » Новости » Шоу-бизнис » People: Џенифер Анистон е најубавата жена на светот за 2016 година

People: Џенифер Анистон е најубавата жена на светот за 2016 година

People ја прогласи Џенифер Анистон за Најубава жена на светот за 2016 година. Шармантната актерка гордо ја прими титулата и позираше за познатото списание.

Џенифер Анистон

Џенифер, која зад себе има оставено бројни филмски проекти, признала дека кога ја слушнала веста дека е прогласена за Најубава жена била возбудена и имала „тинејџерски момент“.

47-годишната холивудска ѕвезда за списанието изјавила дека се чувствува најдобро кога е здрава и силна. „Смешно е што навистина е брз преодот од моментите кога не ти е грижа, а сега одеднаш мора да бидеш свесен за тоа што ставаш во своето тело. Како спиеш и како се грижиш за себе. Во 20-тите години можеш да се извлечеш со многу нешта“ – изјавила таа и додала дека сега се труди да вежба шест пати неделно и да внимава на својата исхрана.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анистон споделила дека најубавото нешто кое го има слушнато е од жена која три години се борела со рак. Таа ѝ открила дека единственото нешто кое ја одржавало во живот било гледањето „Friends“, мегапопуларната серија со која се прослави Анистон.

На прашањето како ја дефинира убавината, Анистон одговорила: „Внатрешна самодоверба. Мир. Добрина. Искреност. Добро изживеан живот“.

Минатата година Сандра Булок беше избрана за најубава личност, а во претходните години истата титула им припаѓаше на Лупита Нионго (2014), Гвинет Палтроу (2013), Бијонсе (2012) и Џенифер Лопез (2011).

Сандра Булок Лупита Нионго Гвинет Палтроу Бијонсе Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.