Џенифер Анистон и Кортни Кокс ја покажаа неверојатната фигура за време на нивниот престој во Мексико.
50-годишната Анистон беше фотографирана во бикини во луксузниот апартман покрај океанот во Кабо Сан Лукас, каде престојува по повод 55-тиот роденден на нејзината пријателка и колешка од серијата „Пријатели“ Кортни Кокс.
Актерките, кои се прославија по улогите на Рејчел и Моника, уживаа под сонцето, а папараците не пропуштија да го „уловат“ моментот.
Подоцна, Кортни беше фотографирана на песочната плажа со пријателки.
За роденденот, Кокс сподели фотографии со Анистон и Лиса Кудроу, која ја имаше улогата на Фиби во „Пријатели“.