Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Шармантната Џенифер Анистон за „InStyle“ UK

ФОТО: Шармантната Џенифер Анистон за „InStyle“ UK

Џенифер Анистон ги разубавува страниците на новото издание на „InStyle“ UK.

Зад фото-објективот застанал Микеланџело Ди Батиста додека привлечната актерка позирала во креации од брендови како Валентино, Дона Каран, Ланвин и Салваторе Ферагамо.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Во интервјуто за списанието, Анистон изјавила дека не е обожавателка на ботокс и пластични операции. „Луѓето губат перспектива. Кога ќе погледнам наоколу, гледам колку лошо може да се одразат пластичните операции и инјекциите. Па, јас само се грижам за својата кожа, добро се хранам и вежбам“ – рекла 46-годишната актерка.

Холивудската ѕвезда додала и дека 40-тите ѝ се најдобрите години во животот. „Можеби е потешко да го изгубиш вишокот килограми, но сите други нешта се прекрасни. Размислував за девојката која бев во моите дваесетти, па дури и триесетти години. Тогаш имав многу прашања и грижи, си го полнев мозокот со неважни нешта“ – рекла таа.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18959 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.