Тејлор Свифт за неколку години од тинејџерска кантри пејачка се претвори во вистинска светска поп ѕвезда. 22-годишната девојка е лицето од насловната страница на ноемвриското издание на „Glamour“.
За корицата Тејлор позира облечена во блескава маица од Burberry London и здолниште и колан од Dior.
Освен гламурозната фотосесија, уредниците на списанието направија и интервју со Свифт, во кое таа зборуваше за пријателството и за врската со Конор Кенеди.
За пријателките: „Тие ми се многу важни во животот во моментов. Јас сум девојка која мора да им каже сè на другарките“.
За пријателството со Селена Гомез и Ема Стоун: „Се запознав со Ема кога имав 17 години, а со Селена кога имав 18. Па, сето ова го доживеаја тие со мене, а и тие постигнаа свој огромен успех. И покрај сè, некако ние успеавме да останеме блиски“.
За врската со Конор Кенеди: „Не зборувам за мојот личен живот во детали. Пишувам за него во моите песни и верувам дека преку музиката можеш да споделиш доволно за својот живот, за да им кажеш на луѓето низ што поминуваш“.