Почетна » Новости » Занимливости » Уникатни кукли за уникатни деца: Жена прави кукли за деца со ретки здравствени состојби

Уникатни кукли за уникатни деца: Жена прави кукли за деца со ретки здравствени состојби

„Секое дете заслужува да погледне во слаткото лице на некоја кукла и да го види своето“ – ова е мотото на Ејми Џандрисевиц.

Креативната жена прави кукли кои се мини копии на деца со ретки здравствени состојби, а потоа бесплатно им ги подарува. Досега, во своите 10 години работење, Ејми има израдувано повеќе од 2.000 дечиња.

„Еден од најуникатните делови на проектот е дека врската е лична. Ги запознавам семејствата многу добро. Бидејќи тие ми кажуваат за нивното дете, а јас се обидувам да го доловам тоа на начин на кој детето ќе биде претставено“ – рекла таа.

Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене

Креаторката на проектот „Кукла како мене“ сподели дека куклите се навистина специјални за неа, затоа што ги „раскажуваат“ приказните кои ги слуша за децата.

„Секоја кукла раскажува приказна за детето, кое минува низ некои навистина неверојатни работи.“

„Најтешките кукли за правење и кои одземаат најмногу време се оние кои имаат навистина тешки приказни зад себе. Особено кога детето кое го познавам има неизлечива болест и веројатно нема да ја преживее годината. Тие се многу тешки за правење“ – рекла Ејми.

„Многу е важно на луѓето да им се објасни дека куклите не се само кукли. Тие стануваат нешто што го претставува детето. Има луѓе кои ми испраќаат фотографии на кои браќата и сестрите на починатите деца спијат со куклата по нивната смрт. Бидејќи таа е физички потсетник на тоа дете“ – додала таа.

Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене Кукла како мене

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.