Игор Џамбазов и Сара Мејс ги здружија силите за нова музика. Македонските музичари ја објавија песната „Ептен љубовна“, која извесен период ја најавуваа на социјалните мрежи.
Како придружни вокали се вклучија девојките Калина Велковска, Теа Богатинова и Ана Петановска.
Текстот и музиката се дело на самиот Џамбазов. „Песнава ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна... многу љубов има вложено во неа. Уживајте!“ – напиша тој на Instagram.
За аранжманот се погрижил Игор Атанасоски – Харе.