Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не ми е гајле што не изгледам како стап“: Селена Гомез возврати на коментарите дека си го крие стомакот

„Не ми е гајле што не изгледам како стап“: Селена Гомез возврати на коментарите дека си го крие стомакот

Како и многу славни личности, така и Селена Гомез честопати е мета на остри критики и негативни коментари за изгледот.

Но, во изминатиот период, славната актерка и пејачка научи да го сака своето тело онакво какво што е и да се брани од злобните тролови онлајн.

32-годишната ѕвезда возврати на ужасните зборови кои ѝ биле упатени во едно TikTok видео, откривајќи дека страда од инфекција која го воспалува тенкото црево.

„Ми се гади од ова. Имам SEBO во моето тенко црево. Се воспалува. Не ми е гајле што не изгледам како стап. Немам такво тело. Крај на приказната. Не, јас НЕ сум жртва. Јас сум само човек“ – стои во нејзиниот пост.

Селена Гомез

Коментарите алудирале на нејзиниот изглед при промоцијата на филмот „Emilia Perez“ кога црвената креација ѝ го оцртала подуениот стомак. На следниот настан, Селена носеше црн фустан и позираше со рацете пред стомакот, па беше обвинета дека го крие.

Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез Селена Гомез

Прекумерен раст на бактерии во тенкото црево (SIBO) се јавува по тешка операција или болест. Тоа го забавува минувањето на храната во дигестивниот тракт, создавајќи идеално место за бактерии, кои може да доведат до абдоминална болка и надуеност.

Селена често зборува за своите здравствени проблеми. Таа отворено кажува дека токму поради болеста лупус и поради лекарствата кои мора да ги прима, нејзината тежина постојано флуктуира.

„Кога ги примам лековите, во телото ми се задржува повеќе вода. И тоа се случува многу нормално. Кога ќе престанам да ги пијам, на некој начин слабеам.“

„Сакав само да ги охрабрам сите кои се срамат поради она низ што поминуваат и никој не ја знае нивната приказна. Па, сакам луѓето да знаат дека се убави и прекрасни. Да, сите имаме денови кога се чувствуваме лошо, но јас побрзо ќе изберам да бидам здрава и да се грижам за себеси. Моите лекарства ми се важни и верувам дека ми помагаат.“

„Да, не сум модел и никогаш нема да бидам. Сметам дека тие се прекрасни, но јас дефинитивно не сум тоа“ – изјави Селена минатата година. Поради лупус, нејзе ѝ беше извршена трансплантација на бубрег во 2017 година.

Селена Гомез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.