Ким Кардашијан присуствуваше на галата „Уметност + Филм“ во Музејот на уметноста во Лос Анџелес (LACMA).
44-годишната риалити ѕвезда пристигна на свеченоста во провокативно издание. Таа носеше бела креација од Гучи и наметка, а меѓу разголените гради носеше голем крст кој претходно го поседуваше принцезата Дијана.
На интернет брзо започнаа да се редат критики за стилскиот избор на Кардашијан.
„Го претвори во нешто вулгарно“, „Необразован нарцисоиден непривлечен мозок“, „Очајна за внимание“, „Ова е шамар на лицето на покојната Дијана“, „Ова е непочитување на нашата убава принцеза Дијана“, „Ким Кардашијан нема допирни точки со безвременската елеганција на Дијана“, „Ова е навреда за принцезата Дијана“, „Дали таа разбира дека ова е крст и што претставува крстот?“ и „Таа нема никаква почит кон моќните жени од историјата“ – се само дел од коментарите.
Ким го купи крстот „Attallah“ на аукцијата „Royal & Noble“ на Sotheby во 2023 година по цена од 197.453 долари. Дијамантите на него се 5,25 карати.
Принцезата Дијана го носеше истиот накит на хуманитарна гала во 1987 година.