Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Петар Грашо за ќерката и новороденото синче: „Моите деца ќе бидат мамини, јас често не сум дома“

Петар Грашо за ќерката и новороденото синче: „Моите деца ќе бидат мамини, јас често не сум дома“

Петар Грашо и Хана Хуљиќ пред неколку дена го добија второто дете.

Во интервју за IN magazin, 48-годишниот хрватски пејач се отвори за огромната радост која ја чувствуваат со својата сопруга, но и за професионалните ангажмани кои не може да ги остави за да биде постојано со децата.

Петар сподели дека се труди целото слободно време меѓу неговите концерти да го помине квалитетно со 2-годишната Алба и новородениот Тони.

Петар Грашо Петар Грашо

„Се разбира дека се радуваме, сега дури можеме да речеме дека сепак имаме некое искуство, па сè тече полесно, повеќе ништо не е за првпат. Единствено, иста е радоста.“

„Моето темпо е доста брзо, но се трудам, вложувам дополнителни напори, кога ќе имам некоја дупка помеѓу концертите, веднаш да летнам дома, макар и на 48 или 72 часа. Не сум дома континуирано, но тука сум, се гледаме и заедно се радуваме.“

„Мислам дека тие ќе бидат повеќе мамини, затоа што тато ќе го има нешто помалку од мама. Мама се грижи, иако кога ќе дојде тато, тој е како некој мал споменик бидејќи го нема многу често. Ќе видиме што ќе изберат, лесно е да се избира кога ги има двајцата родители, баба и дедо, зависно кој ти дава или ти забранува чоколино тој ден. Децата брзо менуваат афинитети“ – рекол Грашо.

Петар и Хана стапија во брак во февруари 2022 година, а станаа родители во јули истата година.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Во септември за првпат беше објавено видео од Петар и Алба. Малото девојче ја пееше неговата песна „Ako te pitaju“.

@melilife2

♬ original sound - Meli

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19072 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.