Џенифер Лопез се гордее со своите успеси. Славната актерка и пејачка присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Unstoppable“, за кој доби пофалби дури и од бившиот Бен Афлек.
На настанот во Лондон, 55-годишната ѕвезда изгледаше атрактивно во комплетно бел стајлинг. Нејзиниот стилски избор за оваа вечер се состоеше од бел припиен фустан со ролка и широка бунда од Magda Butrym, кои ги надополни со салонки од Christian Louboutin и елегантна чантичка.
Лопез позираше и со своите колеги од филмот. На премиерата не беше присутен Бен Афлек, кој е дел од продуцентите.
Лопез и Афлек се разведоа по две години брачен живот.