Викторија Бекам организираше свечена вечера по повод нејзиното партнерство со луксузната стоковна куќа Barneys New York.
Ева Лонгорија, Гвинет Палтроу, Кејт Бекинсејл и Роуз Бирн беа само неколку од славните дами кои прославија со 40-годишната дизајнерка.
„Дефинитивно ѝ сум обожавателка. Барав модни совети од Викторија уште пред да има своја линија. Го обожавам нејзиниот стил“ – изјавила Лонгорија.







Се разбира, меѓу гостите во Лос Анџелес беше и Дејвид Бекам, кој гордо позираше покрај својата сопруга.





Новото модно партнерство значи дека за првпат колекција на Бекам ќе се продава во Barneys New York. За да го одбележи тој значаен момент, Викторија присуствуваше во стоковната куќа во Беверли Хилс, каде се сретна со дел од своите клиентки и соработници.


На Instagram Викторија сподели и фотографија со ќеркичката Харпер сликана во престижната стоковна куќа.
