Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Сара Џесика Паркер за „The Edit“

ФОТО: Сара Џесика Паркер за „The Edit“

Сара Џесика Паркер е ѕвездата од мајското издание на дигиталното списание „The Edit“. 49-годишната актерка позираше во цветни креации од брендови како Питер Пилото, Ема Кук, Ердем, Џонатан Сандерс и Мери Катранзу.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Во интервјуто за списанието, Паркер зборувала за злобните коментари кои редовно се среќаваат на социјалните мрежи и за тоа колку многу ја засегнал коментар на Twitter во кој една жена рекла дека славната актерка не е мајка на нејзините близначки. (Близначките Табита и Марион Лорета се родени од сурогат-мајка, но Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик се нивни биолошки родители.)

„Другите луѓе знаат да бидат злобни и ќе морам да се помирам со тоа. Тоа ме загрижуваше пред да се вклучам на социјалните мрежи. Се плашев од тоа. Гледам злобни нешта секој ден. Гледам на Twitter и листам со едно отворено и едно затворено око. Тој конкретен ден, тоа беше само едно од нештата што ги прочитав. Продолжив да листам, но потоа си реков: „Чекај малку, дали таа навистина го кажа тоа?“... Таа несуптилно рече дека моите деца не се мои деца. Само неколку пати во мојата кариера сум посакала да вратам одговор. Не сакам да ги охрабрам другите да ја задеваат. Но, ѝ одговорив: Што? Ова забавно ли е? Никогаш не ми врати и ја избриша пораката“ – раскажала таа.

Паркер била посебно запрепастена што злобниот коментар доаѓал од жена. „Дали таа би му го рекла тоа на мојот сопруг? Не можам да поднесам кога жените им велат непријателски нешта на други жени. Зошто тоа мора да е така? Зошто преминуваме од „не се согласувам со тебе“ во „те мразам“, „те напаѓам“, „употребувам зборови кои знам дека ќе те болат“? А не се ни познаваме! Би помислиле дека во оваа фаза од животот сум навикната на тоа, но постојано има нови начини за изразување на непријателство и злоба. Би сакала да стапам во контакт со таа жена. Би сакала само да разберам“ – рекла Паркер.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.