Сара Џесика Паркер им ги исполнува соништата на идните невести. 51-годишната актерка изненади три невести подарувајќи им обувки од својата невестинска колекција.
Изборот на невестински фустан пред свадбата е возбудлив момент за секоја невеста. Хилари, Кејтлин и Тејлор-Реј мислеле дека снимаат видео за кое треба да пробаат разни венчаници и модни додатоци. Кога ќе се појави Сара Џесика во продавницата, возбудата на невестите и нивните блиски го достигнува врвот.
Ѕвездата од серијата „Sex and the City“ им помага да изберат во какви обувки сакаат да го изговорат судбоносното „ДА“, а на крајот им го подарува парот во кој тие се чувствуваат најубаво.