Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли и Сара Џесика Паркер се најплатени актерки

Анџелина Џоли и Сара Џесика Паркер се најплатени актерки

Форбс ја објави својата нова листа на најплатени актерки. Овој пат првото место го делат две мега популарни ѕвезди – Анџелина Џоли и Сара Џесика Паркер. Во периодот од мај 2010 до мај 2011 двете актерки заработиле по 30 милиони долари.

Џоли својот успех го должи на филмовите „Salt“ и „The Tourist“, додека Сара Џесика Паркер сè уште најголемите приходи ги добива од „Сексот и градот“. Сара заработила и 18 милиони долари од своите парфеми.

Анџелина ЏолиАнџелина Џоли Сара Џесика ПаркерСара Џесика Паркер

На третото место зад Џоли и Паркер, се најдоа Џенифер Анистон и Рис Витерспун со изедначена заработка од 28 милиони долари. Џенифер Анистон најголемиот дел од парите го заработила од филмовите „The Bounty Hunter“ и „Just Go With It“.

Витерспун и покрај неуспесите на нејзините филмови, успеа да заработи солидна сума. Нејзината романтична комедија „How Do You Know“ доживеала неуспех со заработка од само 50 милиони, а инвестиран буџет од 120 милиони долари.

Џенифер АнистонЏенифер Анистон Рис ВитерспунРис Витерспун

На петтото место е актерката со голема насмевка, Џулија Робертс, која заработила 20 милиони долари, а исто толку заработила и ѕвездата од филмовите „Twilight“, Кристен Стјуарт.

Топ 10 најплатени актерки

  1. Анџелина Џоли – 30 милиони долари
  2. Сара Џесика Паркер – 30 милиони долари
  3. Рис Витерспун – 28 милиони долари
  4. Џенифер Анистон – 28 милиони долари
  5. Џулија Робертс – 20 милиони долари
  6. Кристен Стјуарт – 20 милиони
  7. Кетрин Хејгл – 19 милиони долари
  8. Камерон Дијаз – 18 милиони долари
  9. Сандра Булок – 15 милиони долари
  10. Мерил Стрип – 10 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.