„Вог“ сними интересно интервју со Сара Џесика Паркер. Во краткото видео популарната актерка одговара на 73 прашања додека во меѓувреме го покажува својот дом во Њујорк, но за жал не ја носи камерата во својот плакар.
Во интервјуто, ѕвездата од „Сексот и градот“ открива многу нешта за себе, меѓу кои и дека доброволно не би го напуштила Њујорк, дека омилен филм ѝ е „The Way We Were“, дека кукурек е најчудното јадење што го има пробано, дека омилена земја ѝ е Грција, а дека посакува да го посети Виетнам.
Ѕирнете во домот во кој славната актерка живее со своето семејство веќе 13 години.