Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Сара Џесика Паркер е модерна дама за „InStyle“

ФОТО: Сара Џесика Паркер е модерна дама за „InStyle“

Сара Џесика Паркер шармира од страниците на британското издание на списанието „InStyle“.

За едиторијалот „True Colours“, 49-годишната актерка позираше пред објективот на Џампаоло Згура во креации од актуелните колекции на Прада, Шанел, Диор и Валентино. Сите обувки од едиторијалот се од првата колекција на филмската холивудска ѕвезда, SJP.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Во интервјуто за списанието, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ споделила дека има многу разлики помеѓу неа и ликот Кери Бредшо. „Таа повеќе би сакала да има чевли отколку мебел или храна. Јас секогаш преферирам добар оброк или патување“ – рекла Паркер.

Слободното време познатата актерка го исполнува со читање, а во минатото честопати тоа го правела заедно со нејзиниот сопруг Метју Бродерик во када. „Порано со Метју заедно го читавме Дикенс. Беше прекрасно. Ќе седневме во кадата и ќе си ја подававме книгата еден на друг, читајќи наглас делови од неа“ – признала таа.

Сара Џесика Паркер

Кога станува збор за стилот на облекување, Сара Џесика советува секој да ја избира облеката според своите желби, занемарувајќи какви и да било правила. „Луѓето треба да се облекуваат како што сакаат. Сите правила поврзани со возраст или форма се глупави. Важно е кога ќе излезеш низ врата, да се чувствуваш добро во сопствената кожа“ – изјавила таа.

Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер Сара Џесика Паркер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.