Иако провокативноста е дел од имиџот на лоша девојка на Ријана, сепак многумина се запрашаа дали познатата пејачка не отиде предалеку со својата најнова фотосесија.
За француското списание „Lui“, 26-годишната музичка ѕвезда позираше разголена пред објективот на познатиот фотограф Марио Соренти.
На корицата, Ријана е топлес и носи само розови гаќички и капа, додека на една од објавените фотографии таа е гола покрај базен. Фотографиите беа објавени од самата Ријана на Instagram, но набрзо беа избришани од нејзиниот профил, бидејќи социјалната мрежа не дозволува голотија.
Фотографиите доаѓаат само неколку дена откако беше објавен нејзиниот едиторијал за „Вог“ Бразил.
Вчера славната пејачка беше фотографирана во Њујорк со својата пријателка Мелиса Форде.