Ријана ги изненади своите фанови со нова музика. Музичката ѕвезда ја објави песната „FourFiveSeconds“, за која соработуваше со Кание Вест и Пол Макартни.
Додека Ријана и Кание се задолжени за пеењето, легендарниот музичар од The Beatles стои зад инструменталниот дел.
Песната ќе биде дел од осмиот студиски албум на Ријана, кој ќе биде пуштен во продажба годинава.