По повод Денот на мајката, кој во САД се одбележуваше вчера, бројни славни личности им се заблагодарија на најважните жени во нивните животи за нивната пожртвуваност и несебична грижа.
Џенифер Лопез
Лопез уживаше во друштвото на своите близначиња Ема и Макс, саканиот Алекс Родригез и неговите две ќерки. Парот сподели фотографии од семејниот момент за да им го честита празникот на сите мајки.
Џеј Ло објави фоторафија со мајка си и во описот напиша: „Среќен Ден на мајката на мојата прекрасна мајка... Со твојата енергија и ведрина ти ја осветлуваш секоја соба во која ќе зачекориш. Правиш да се смеам на начин на кој никој друг не може и многу сум благодарна што си ми мајка. Направи да верувам дека можам да направам сè и немаше да бидам жената која сум денес ако не беше ти. Те сакам со целото мое срце. Среќен Ден на мајката Мамо!!!“
Џесика Алба
Алба за првпат го прослави овој празник како мајка на три деца. „Срцето ми е исполнето“ – напиша таа на фотографија со двете ќеркички Хевен и Хонор и малото синче Хејз. Алба го роди третото дете на 31 декември минатата година.
Ријана
„Убава. Слатка. Силна. Скромна. Среќен ден на мајката на мојата омилена!!! Им испраќам многу љубов на сите мајки, на идните мајки, на оние кои влегоа во улога на мајки и на оние кои не можат да бидат со своите мајки денес! Бог да ве благослови, не само денес, туку секој ден за неблагодарната и несебичната работа која ја правите! Длабоко сте ценети!“ - напиша Ријана
Адријана Лима
Момчето на Лима, турскиот писател Метин Хара, објави фотографија од убавиот ангел на VS и напиша: „Не верувам во магија“ – рече младото момче. Возрасниот маж се насмеа: „Ќе поверуваш кога ќе ја видиш неа“ – Атик
„Мајка на две ангелчиња... Секој ден ти се восхитувам сè повеќе. Среќен Ден на мајката“ – дополни тој за својата сакана.
Ана Ивановиќ
Бастијан Швајнштајгер со фотографија ѝ го честиташе првиот Ден на мајката на својата сакана. Ана сподели фотографија со мајка си и напиша: „Среќен Ден на мајката на сите мајки и на мојата специјална мајка која отсекогаш беше моја инспирација и сила. Те сакам!“
Софија Вергара
Вергара сподели фотографија со синот Маноло.
Ева Лонгорија
Бремената Ева Лонгорија објави фотографија од трудничкото стомаче. „Ова е мојот прв Ден на мајката“ – напиша таа.
Мишел Обама
Поранешната прва дама на САД сподели фотографија од своето детство со мајка си. „Ниту една фотографија не може да долови колку ми значи мојата мајка. Среќен Ден на мајката на сите мајки, а особено на мојата“ – напиша сопругата на Барак Обама.
Дру Баримор
Мадона
Мадона објави фотографии со своите дечиња и со мајка си.