Ријана го организираше својот прв хуманитарен бал. Целта на свечениот настан „Diamond Ball 2014“ беше собирање на парични средства за „The Clara Lionel Foundation“, фондацијата којашто Ријана ја основа пред две години во чест на покојната баба Клара и дедо си Лајонел.
26-годишната пејачка изгледаше беспрекорно елегантно во фустан од Зак Позен и впечатлив скапоцен накит од Шопард.
„Среќна сум што имам ваква вечер, за да ја поминам со луѓе со срца како моето, кои сакаат да менуваат и спасуваат животи по секоја цена!“ – напиша Ријана на Instagram.
Меѓу славните гости беа Бред Пит, Селма Хајек, Џими Кимел, Елен Помпео и Ким Кардашијан.