Ријана по вторпат организираше хуманитарен бал. Целта на свечениот настан е собирање на средства за „The Clara Lionel Foundation“, фондацијата којашто Ријана ја основа во чест на покојната баба Клара и дедо си Лајонел.
На балот кој се одржа во Санта Моника, Калифорнија, 27-годишната пејачка се појави во бежова креација од модната куќа Кристијан Диор.







На црвениот тепих музичката ѕвезда позираше со 18-месечната внука Маџести и со своите мајка, татко, брат и тетка.





Преку аукција биле собрани над 3 милиони долари.









