Памела Андерсон ја изгради својата кариера негувајќи имиџ на секс симбол со разголена облека и силна шминка.
Па, токму затоа нејзината ретро фотосесија за списанието „No Tofu“ е изненадување за многумина. На фотографиите направени од Зои Гросман, 47-годишната русокоса носи креации од Долче и Габана, Сен Лоран и Марк Џејкобс.
Новиот стил на ѕвездата од „Baywatch“ ѝ донесе само комплименти, но не се ретки и коментарите кои укажуваат на прекумерната употреба на Фотошоп.
Овој месец Андерсон е дел и од новото издание на списанието „CR Fashion Book“.