Војводата и војвотката од Кембриџ споделија три нови фотографии од малиот принц Џорџ.
На официјалните празнични фотографии, најмладиот член на кралското семејство седи на скалилата на Кенсингтонската палата.
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин ги објавија фотографиите во знак на благодарност што медиумите ја почитуваат нивната молба да не објавуваат папараци фотографии од принцот Џорџ.
Од фотографиите се гледа дека Џорџ е мини копија на принцот Вилијам.
Принцот Џорџ се очекува да добие или братче или сестричка во април следната година.