Војвотката Кетрин и принцот Вилијам го објавија својот семеен портрет направен по повод божиќните и новогодишните празници.
Кралскиот пар, кој моментално го очекува третото дете, позира со преслатките Џорџ и Шарлот. Целото семејство е облечено во складни сини комбинации.
Принцот Џорџ има четири години, додека малата принцеза Шарлот во мај наполни две години.
Принцот Вилијам, Џорџ и Шарлот беа облечени во речиси исти аутфити за време на официјалната посета на Полска во јули оваа година.