Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вилијам и Кетрин објавија семејни фотографии со принцот Џорџ

Вилијам и Кетрин објавија семејни фотографии со принцот Џорџ

Принцот Вилијам и војвотката Кетрин објавија две неформални семејни фотографии. Облечени во кежуал стил, гордите родители позираа со малиот принц Џорџ.

Фотографиите биле направени во градината на семејниот дом на семејството Мидлтон во Беркшир, а зад објективот бил таткото на Кетрин, Мајкл Мидлтон.

Кетрин и Вилијам со принцот Џорџ

На втората фотографија, покрај среќното семејство се гледаат и црниот кокер шпаниел Лупо кој Кетрин и Вилијам го присвоија во 2012 година и златниот ретривер Тили на семејството Мидлтон.

Кетрин и Вилијам со принцот Џорџ

Кетрин и Вилијам одлучија да не ангажираат професионален фотограф за првите официјални фотографии од принцот Џорџ.

Принцот Џорџ се роди на 22 јули. Првите професионални фотографии од кралското бебе ќе бидат објавени по крштевањето наесен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.