Младото кралско семејство пристигна во Нов Зеланд. Војвотката Кетрин и принцот Вилијам беа фотографирани за време на официјалната посета на Велингтон.
Шармантната Кетрин изгледаше како вистинска дама во црвено палто од Кетрин Вокер и шапка од Џина Фостер. Сепак, најголемо внимание привлекуваше слаткиот Џорџ, кој мирно набљудуваше што се случува околу него.
Во рамките на посетата, Кетрин и Вилијам беа почестени со хака, традиционален танц на Маорите, а поразговарале и со некои од воините облечени во традиционална облека.
Кетрин, Вилијам и нивниот син ќе престојуваат во Нов Зеланд до 16 април, кога ќе ја продолжат кралската турнеја во Австралија.