Британското кралско семејство ја заврши официјалната посета на Полска и отпатува во Германија. Војвотката Кетрин, принцот Вилијам и двете нивни деца беа фотографирани додека ја напуштаа Варшава и пристигнуваа во Берлин.
Четворицата беа стилски ускладени во облека во сини нијанси. Кетрин изгледаше беспрекорно во дамско палто од брендот Кетрин Вокер.