Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Оливија Вајлд го дои своето синче во фотосесија за „Glamour“

ФОТО: Оливија Вајлд го дои своето синче во фотосесија за „Glamour“

Оливија Вајлд по породувањето целосно му е посветена на синчето Отис, а нејзината фотосесија за „Glamour“ го потврдува тоа. На фотографиите за списанието, 30-годишната актерка го дои и си игра со својот тримесечен син.

Оливија Вајлд Оливија Вајлд

Илјадници жени низ целиот свет имаат само комплименти за фотографијата на која е претставена силната врска помеѓу Оливија како мајка и нејзиното малечко, но не се ретки и негативните коментари.

„Совршено е што бев фотографирана со Отис, бидејќи секој портрет од мене во моментов не е комплетен без мојот идентитет на мајка. Доењето е најприродното нешто. Не знам, сега се чувствувам како Отис секогаш да треба да е на мојата дојка... Се разбира дека не изгледам вака кога дојам обично и најчесто е вклучена и пелена“ – изјавила холивудската ѕвезда.

Оливија Вајлд Оливија Вајлд

Вајлд, која е верена со Џејсон Судејкис, дополнила и дека не брза да зачекори кон олтар. „Верени сме, но сѐ уште нема конкретни планови. На многу начини детето е повеќе од обврзување. Децата денес растат со многу дефиниции за тоа што е семејство. Она што сакам да го кажам е дека не чувствуваме притисок да се венчаме. Но, сметам дека ќе биде забавно“ – рекла таа.

Модната фотосесија со Оливија е дело на Патрик Демаршелие.

Оливија Вајлд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18973 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.