Хари Стајлс и Оливија Вајлд се нов пар во светот на шоу-бизнисот. 36-годишната актерка и 26-годишниот пејач беа фотографирани заедно на свадба на неговиот менаџер.
На малата церемонија во Монтесито, Хари и Оливија пристигнаа држејќи се за рака, а нивни блиски потврдија дека се состануваат неколку недели.
Се претпоставува дека тие се зближија на снимањето на „Don't Worry Darling“. Филмот е режиран од Оливија, а Хари ја има главната улога.
Популарната актерка минатата година се раздели од Џејсон Судејкис, со кого има две деца – ќеркичката Дејзи и синот Отис.